
Почина 24-годишното момче во чиј стан вчера експлодира плинска боца
Поради влошена здравствена состојба, утрово на Клиниките во Скопје на повредите им подлегна 24-годишното момче од Тетово. Тој вчера се здоби со изгореници од четврт степен откако во неговиот стан експлодира плинска боца.
Вчера, 11 лица побарале помош во тетовскиот Клинички центар по експлозија на плинска боца во стан.
Пожарот избил претпладнево нешто по 11 часот кога, според кажувањето на станарите од зградата, експлодирала плинска боца во стан на вториот кат. Противпожарната единица од Тетово интервенирала со 3 противпожарни возила и со 10 пожарникари. На местото на настанот излезе увидна екипа од СВР Тетово и Јавното обвинителство.
Опожарената зграда се наоѓа на булеварот „Лирија“ во Тетово. Инаку, според првичните извештаи пожарот бил предизвикан од експлозија на плинска боца.