
Почина славната Бонд девојка Маргарет Нолан
Поранешната ѕвезда на филмот „Goldfinger“ и Бонд девојка Маргарет Нолан почина на 77-годишна возраст.
Тажната вест за смртта на актерката ја потврди нејзиниот син Оскар Декс за Variety, откако филмскиот режисер Едгар Рајт веста ја објави на Twitter.
„Таа беше средината на Веновиот дијаграм на сѐ што беше кул во 60-тите: се појави заедно со Битлси, стана Бонд легенда, беше дел од екипата на Carry On“, напиша тој.

„Работев со неа минатата година, додека таа играше мала улога во Last Night In Soho. Беше толку смешна, остра и, како што можете да замислите, полна со најневеројатни приказни. Многу сум среќен што ја познавав“, додаде тој и упати сочувство до најблиските.

Маргарет Нолан е родена на 29 октомври 1943 година. Британската актерка е најпозната по филмовите „Goldfinger“ и „A Hard Day’s Night.
