• 22/09/2020

Почина струшкиот писател Петко Шипинкароски

 Почина струшкиот писател Петко Шипинкароски
loading...
Advertisement

– Во Струга денеска почина македонскиот писател Петко Шипинкаровски.

Роден е на 22 септември 1946 година во битолското село Будимирци, но повеќе од 40 години живееше и твореше во Струга. Автор е на многу романи, романизирани монографии, раскази, поезија, драма, раскази за деца, критики и есеи. Неговото плодно творештво со над 20 објавени авторски изданија е значаен придонес во вредносниот систем на современата македонска литература. Неговите романи, раскази, песни и есеи преведени се на повеќе јазици, особено внимание кај меѓународната јавност предизвика неговиот роман „Утринска молитва“ посветен на животот на битолските евреи. Добитник е на многубројни меѓународни литературни награди и признанија.

Тој беше член на Македонското друштво на писатели, како и на Здружението на новинарите на Македонија. Шипинкаровски беше и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга што 20 години ја издаваше меѓународната ревија за литератира „Бранувања“, како и организатор на „Струшките книжевни средби“, манифестација со меѓународно учество на автори кои дискутираа на одредени актуелни теми.

Погребот ќе се изврши утре во 13 часот, на градските гробишта во Струга.