• 20/09/2020

Почна изградбата на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“

 Почна изградбата на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“
loading...
Advertisement

Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.

Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираа дека сите лица кои до сега ги користеа кошаркарските терени понатамошните спортски  активности да ги продолжат на мултифункционалното игралиште во непосредна близина. Од претпријатието упатуваат апел и до останатите активни корисници на услуги на отворените терени посебно детските фудбалски школи, да внимаваат на движењето за време на извршувањето на градежните активности поврзани со изградбата на новата трибина.

Инаку, трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1.480 седишта. Проектот го реализираат Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.

Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве вршат пролетно уредување на дрворедот на улиците „Македонски Просветители“, „7-ми Ноември“ и на дел од булеварот „Туристичка“.

Се врши кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки и се врши оформување на крошните.

Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.

Извор: Вечер