• 12/07/2020
 Почна протестот на кабелските оператори, до 19:10 ќе нема програма

Почна протестот на кабелските оператори, до 19:10 ќе нема програма

Само македонската телевизија е на програмата во моментов до 19:10 часот, поради протест на кабелските оператори. Може да се гледа само програмата на Македонската телевизија.

„Почитувани корисници. Во знак на протест, ќе имаме времен прекин на реемитувањето на телевизиските програми во периодот од 18:10 до 19:10 часот. Причината е неуставната законска регулатива која наметнува одговорност и надвор од наша надлежност, на штета на богатата ТВ понуда за корисниците.

Жалиме што сме принудени на ваков чекор, и се надеваме што поскоро да се најде соодветно решение“, стои во пораката.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира