Почнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

 Почнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa  решението за одобрување на планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да почнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, информра Министерството за животна средина.

Од таму информираат дека се спроведени сите подготвителни активности за финализирање на планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма „Полиеко“, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи.

– Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска конвенција, за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната  годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини од 700 тони на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад – велат од Министерството.

>
>