Почнува летното сметање на времето: Стрелките одат напред

 Почнува летното сметање на времето: Стрелките одат напред

Летното сметање на времето ќе почне в недела, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 02:00 часот.

Часовникот треба да се помести еден час напред.Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

>
>