• 28/09/2020

Почнува Минхенската безбедносна конференција

 Почнува Минхенската безбедносна конференција
loading...
Advertisement

Денеска во Минхен почнува тридневната безбедносна конференција, која е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната. На овој собир годинава ќе учествуваат повеќе од 500 светски лидери, претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис секторот, невладиниот сектор и академската заедница.

Како што е најавено, на Минхенската безбедносна конференција ќе учествуваат и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска.

Извор:Радио Слободна Европа