Почнува предизборната кампања за Локалните избори во Струга со седум кандидати за Градоначалник

 Почнува предизборната кампања за Локалните избори во Струга со седум кандидати за Градоначалник

Средби со граѓани, Кандидатите за градоначалник на Струга растрчани на терен уште од синоќа по полноќ.

Граѓаните ќе бираат градоначалник меѓу дури седум кандидати. Рамис Мерко од ДУИ ќе трча за трет мандат со уште шест нови имиња во трката за градски татко. Насто Палиоски ТМРО, Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и алтернатива, Димче Шипинкаровски од СДСМ, Абдула Ќазимоски од Движењето Беса, Лубе Петревски од Демократи и Самир Муртезоски од ДПА.