ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА: Денеска силен ветер и дожд

 ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА: Денеска силен ветер и дожд

Од денеска следува промена на времето. Денеска времето ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира.

Температурата ќе се намали и ќе изнесуваат максимално од 16 до 24 степени.

>
>