Подводниот локалитет Врбник има капацитет да стане атрактивна туристичка дестинација во Струга

Подводниот локалитет Врбник има капацитет да стане атрактивна туристичка дестинација во Струга

Подводниот локалитет Врбник кој се наоѓа во струшкиот дел на Охридското езеро може да биде нова туристичка атракција и со добра промоција во иднина да стане проепознатива дестинација како Заливот на коските.

Врбник за прв пат е забележан во 80-те години на минатиот век од страна на локални жители кои забележале вкопани дрвени колци во езерото кои се протегале на поголема површина. Според поновите археолошки податоци наоѓалиштето  датирало од 6 до 5 век пред наша ера, со што влегува во праисторијата и го зафаќа железниот период на територијата на Македонија. Тој е со големи димензии, но се наоѓа на мала длабочина, на 3 до 5 метри од површината на езерото. Колците се видливи на самото дно исто како и самата ќерамика.

Врбник кај старите стружани е познат како Дримени. Овде се пронајдени и предмети изработени од бронза и железо, но и накит. Дел е од листата на светски подводни локалитети од огромно значење поради својата големина и богатство со археолошки материјал.Сега се прават истражувања врз пронајдените колци за да се утврди хронолошката рамка на локалитетот.

Испитувањата на локалитетот Врбник за првпат започнале во 1998 година и без прекин се одвивале до 2003 година,па во 2012 и сега во 2021.Следните години ќе се прават палеолошки истражувања Локалитетот Врбник се наоѓа на устието на реката Црни Дрим во Струга.

извор:24-Вести

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds