
Поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху стана член на Светскиот совет на исламските заедници
Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Шаќир еф. Фетаху од вчера е член на Светскиот совет на исламските заедници со седиште во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.
Во информацијата на ИВЗ дека од Советот им потврден изборот се наведува дека Фетаху е избран за полноправен член на Светскиот совет врз основа на неговата работа и придонес во ширење и развој на исламот и исламската култура воопшто и во поддршката на муслиманските верници. Светскиот совет на муслиманските заедници ја нагласува и неговата ангажираност како прв човек на Гостиварската муфтинија во изминативе 18 години во организација на верскиот живот, враќање на имотите на вакафот и создавање нови услови и установи за подобро организирање на верскиот живот.
Фетаху, верската дејност ја започнува на четиринаесет годишна возраст, потоа бил имам, муалим, учител во медресето „Иса Бег“, член на Основачкиот совет на Факултетот за исламски науки Скопје, раководител на тела на ИВЗ и Ријасето. Тој е иницијатор и за за формирање на верското училиште за девојчиња во Гостивар, а важи за инзвонреден толкувач и читач на Куранот. Бил учесник на повеќе национални и меѓународни конференции и симпозиуми. Како автор и публицист има објавено шест книги и над 300 статии објавени во земјата и странство. Фетаи е добитник на повеќе признанија и одликувања од државни и меѓународни институции.