Погледнете ја фотографијата поради која британската полиција со денови е предмет на потсмев

 Погледнете ја фотографијата поради која британската полиција со денови е предмет на потсмев

Многумина им се смеат на полицајците од Велика Британија, бидејќи користеле камион од 7.5 тони за да отстранат електричен тротинет.

Полицијата во петокот на Фејсбук гордо објавила фотографија на која се гледа како превезува запленет ромобил на камион.

Тие соопштиле дека возилото е запленето откако возачот бил забележан дека се вози со него на јавни патишта.

Но, корисниците на социјалните мрежи веднаш истакнале дека полицајците можеле да користат помало возило за пренос на тротинет – кој тежи помалку од 45 килограми.

Некои пишувале дека едноставно можеле да го сместат на задното седиште од полициското возило, наместо да ангажираат камион.

„Ова изгледа како огромно расипување на ресурсите“, Требало да дојдат со поголем камион, мислам дека овој им е мал“, биле само дел од коментарите.

>
>