Погледнете како падна кинеската банда: Уапсени се фалсификатори на вакцини против коронавирусот!

 Погледнете како падна кинеската банда: Уапсени се фалсификатори на вакцини против коронавирусот!

Апсењето на повеќе од 80 лица кои се осомничени дека во Пекинг и уште две кинески провинции продавале лажни вакцини против коронавирусот и натаму е во фокусот на кинеската јавност. На социјалните мрежи се појави и снимка на која се гледа како кинеската полиција апси, врши претрес, ги запленува вакцините и ги сослушува осомничените.

Имено, кинеската полиција уапси повеќе од 80 лица кои се осомничени дека припаѓале на криминална организација која произвела и продала повеќе од 3 илјади лажни вакцини против коронавирусот, пренесува кинеската државна новинска агенција „Синхуа“.

Главниот осомничен, за кого е само наведено дека се презива Конг, со своите соработници од септември минатата година вбризгувал физиолошки раствор во шишенца и ги продавал како вакцини против коронавирус.

„Производството и продажбата на кажни вакцини е злосторство со подла природа со кој се нанесува сериозна штета“, пренесува агенцијата.

Кинеската полиција ги повика граѓаните да се вакцинираат во здравствените установи ширум земјата со цел да избегнат можна измама. Масовната рација и апсење на бандата следува после наредбата на Министерството за јавна безбедност и сузбивање на криминал.