• 28/09/2020

ПОГОДЕНИТЕ ЖИТЕЛИ ОД АЛБАНИЈА БАРААТ ЗАСОЛНИШТЕ ВО ОХРИД И СТРУГА, ХОТАМ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА НОЌЕВАЊЕ ЗА 50%

 ПОГОДЕНИТЕ ЖИТЕЛИ ОД АЛБАНИЈА БАРААТ ЗАСОЛНИШТЕ ВО ОХРИД И СТРУГА, ХОТАМ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА НОЌЕВАЊЕ ЗА 50%
loading...
Advertisement

Голем број албански семејства се сместуваат во струшките и охридските хотели после серијата земјотреси кои изминатото деноноќие ги погодија Драч и Тирана. Хотелиерите велат дека резервации интензивно пристигнуваат уште од утрото после  големиот земјотрес од 6,4 степени а најголем број граѓани доаѓаат од Драч и околината.

За да им излезат во пресрет на жителите од соседството од здружението на хотелиери ХОТАМ информираат дека ги намалиле цените на пакетите за ноќевања и храна за 50 % .

Земјотресите во соседна Албанија силно ги почуствуваа и исплашија и жителите на Охрид и Струга. Многумина од нив се потсетија на летото 2017та кога повеќе од еден месец се тресеше тлото во охридско струшкиот регион а беа регистрирани околу 1300 потреси. За среќа штетата тогаш беше многу помала од онаа која деновиве ја трпат граѓаните на Албанија.

Извор: 24.mk