ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ЛАБУНИШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

 ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ЛАБУНИШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Собранието на ЗП Лабуништа на 24 јануари 2021 година,во полн состав ја одржа својата прва редовна седница за оваа календарска година.На седницата на Собранието,според предложениот дневен ред од шест точки,прво беше усвоен записникот од последната седница од минатата година.

    Седницата на Собранието беше во знакот на донесување на значајни документи,седницата ја водеше новоизбраниот претседател Лутвија Салоски,на која беше разгледан и усвоен финасискиот извештај за работата на Здружението за изминатата 2020 .Донесување на програма и планови за активностите во наредната 2021 година,и усвоена звршната сметка за 2020 год.

    Сите планови и програми опфаќаат активности според финасиските можности на Здружениет.Но ќе бидат приспособени според состојбата со Ковид-19.

    По доста обебната дискусија од членовите на Собранието,Извештајот за работа,планот и програмата за финасиско работење во наредната година беа едно гласно донесени со препорака да се надополнуваат во текот на годината.

    Според усвоениот документ-програмата за работа на органите и телата на Здружението,има за цел да ги презентира програмските определби и насоченост на Здружението на пензионери на Лабуништа.Програмата ја прикажува визијата на Здружението,неговите цели и активности,методите со кои тие цели ќе бидат реализирани,улогата на членовите и нивниот однос со пензионерите.

    Собранието и неговите органи и тела на Здружението,ќе ја ангажира стручната служба да врши услуги на сите пензионери членови на здружението од ограноците на селото Подгорци и Боровец,кои имаат потртеба,за издавање на разни документи,организирање на спортски натпревари на ограноците на ЗП Лабуништа,потпомагање за обезбедување на огревно дрво и др.,организирање на традиционалното  пет дневно летување на море за кое ќе одлучи Извршниот одбор,редовно присуство на организираните состаноци на СЗПМ,учество на Региналните и републички спортски пензионерски игри и културни манифестации,грижа и посета на болни и изнемоштени лица,ќе иницира активности од интерес на пензионерите,а ќе се поврзани со закони што ќе ги носи нашата држава и СЗПМ.    На крајот здружението со својата стручна служба ќе се грижи за наменско трошење на финасиските средства.     

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ