Показна вежба на дел од единиците на МВР во Струга

 Показна вежба на дел од единиците на МВР во Струга

Утре, на ден 06.10.2021 год и на ден 12.10.2021 година во Струга припадниците на Единицата за Специјални задачи и Хеликоптерската единица ќе ги реализираат подготовките за показна вежба кои ќе изведуваат неколку тактичко показни вежби во различни ситуации на оперативно дејствување во кои ќе ги демонстрираат тактичко техничките способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди за брзо и ефикасно справување.

Во текот на показните вежби почнувајќи од 08.30 часот ќе се употребуваат техничко-тактички и пиротехнички средства.

>
>