Полиција ги фатила додека консумирале дрога

 Полиција ги фатила додека консумирале дрога

Вчера утрото во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода две лица од Охрид на возраст од 28 и 29 години. При преглед на возилото во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашкаста материја, а едното од лицата било затекнато како користи дрога.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Извор:OhridNews

>
>