Полицијата прекина свадба – приведен сопственикот на ресторанот

 Полицијата прекина свадба – приведен сопственикот на ресторанот

Вечерва, околу 18 часот, полицијата упаднала на свадба во ресторан во Гостивар по што веселбата е прекината, неофицијално дознава “Фокус”.

Според нивни извори во селото Добри дол, гостиварско, бил уапсен сопственикот на ресторанот.

Сите семејни прослави, веселби и слави се забранети, како заштита од новата болест.

Како за потсетување и претходно полицијата прекина свадба која се одржувала во угостителски објект во скопско Арачиново. Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Во ресторан во Глумово, исто така пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи.