Полицијата пронајде марихуана кај жител на Струшко

 Полицијата пронајде марихуана кај жител на Струшко

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34-годишен жител, од струшкото село Радолишта.

-Тој, на 19-ти септември 2020 година, на улицата „ЈНА“ во Струга, откако ги забележал полициските службеници кои вршеле контрола во сообраќајот, не го сопрел возилото и побегнал кон селото Радолишта. Тука го оставил возилото, во кое при преглед е пронајдена марихуана, информираат од СВР Охрид.