Полицијата сурово собори маж на земја пред неговиот мал син- чешките полицајци суспендирани (ВИДЕО)

 Полицијата сурово собори маж на земја пред неговиот мал син- чешките полицајци суспендирани (ВИДЕО)

Полицијата во чешкиот град Ухерско Храдиште собори човек на земја пред мало дете, според локалните медиуми, бидејќи тој не носел маска.

Според информациите од медиумите, инцидентот се случил во средата. Човекот шетал со детето кога полицијата го застанала, бидејќи не ги почитувал мерките и решиле да го приведат. Следниот момент, човекот бил соборен на тротоарот и лежел на земјата додека детето плачело неутешно обидувајќи се да го одбрани својот татко.

Детето го земал во прегратка работник од блискиот ресторан и се обидел да го смири.

Полицијата потврди дека имало инцидент и објави дека двајца полицајци се суспендирани.

x