Полицијата заплени 30 килограми риба во близина на Струга

Полицијата заплени 30 килограми риба во близина на Струга

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад денеска запленија 30 килограми свежа риба кај албански државјанин на стариот пат Охрид – Струга, во близина на местото викано „Сатеска“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека рибата е пронајдена во авомобил „опел зафира“ со албански регистарски ознаки.

– При извршен преглед на патничко моторно возило „опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, кај месноста Сатеска, во близина на Струга, беа пронајдени и запленети се 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми. Рибата била сокриена во багажниот простор на возилото, изјави Димоски.

Според него, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds