Полициската акција во Арачиново сеуште трае

 Полициската акција во Арачиново сеуште трае

Во скопското село Арачиново, синоќа започна полициска акција поврзана со голема заплена, а како што информираат од МВР истата и натаму е во тек.

Поради текот на акцијата, од МВР засега не соопштуваат детали. Според неофицијални информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, станува збор за заплена која во петокот беше украдена од магацин во Јосифово.

Камионот инаку неколку дена стоел на Кванташки пазар пред синоќа да биде запленет. Полицијата имала сознанија каде е камионот, но се чекало кој ќе го преземе. Синоќа камионот тргнал од пазарот и се упатил во Арачиново, каде требало да биде истоварен. Тогаш интервенирала полицијата, a за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили. Полицијата вршела претрес на сите возила кои влегувале и излегувале од Арачиново.

Кога целосно ќе заврши акцијата, нагласи портпаролот Ангеловски, МВР соодветно ќе извести.