Полициски час не е исклучена можност – заврши утринскиот состанок на кризниот штаб

 Полициски час не е исклучена можност – заврши утринскиот состанок на кризниот штаб

Заврши седницата на главниот кризен штаб на кој се анализираат последните случувања со коронавирусот во Македонија и препораките кои се добиваат од страна на Комисијата за заразни болести.

На утринскиот состанок, не се доставени нови рестриктивни мерки од комисијата, но рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови.

Изворите за ТВ21 брифираат дека не е исклучена можноста доколку продолжи овој рапиден раст на заразени, повторно да има полициски час.

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

loading…

Утре на Собраниска седница ќе се најдат дел од законите кои треба да претрпат измени со цел целосно спроведување на пакетот мерки кои претходно ги препорача Комисијата за заразни болести.

извор:TV21