Полициски час во 8 француските метрополи најмалку 4 недели

 Полициски час во 8 француските метрополи најмалку 4 недели

Policemen stand guard outside the Paris courthouse on November 2, 2017, during the last day of the trial of Abdelkader Merah, brother of Mohamed Merah, a jihadist who shot dead seven people, including three French soldiers and three Jewish children, in 2012. Abdelkader is accused of knowingly facilitating his brother’s attacks on a Jewish school in the southwestern city of Toulouse, in which a rabbi, two of the rabbi’s children, aged three and five, and an eight-year-old girl were killed. / AFP PHOTO / STEPHANE DE SAKUTIN

Наспроти очекуваниот голем бран на епидемијата со Ковид-19, францускиот претседател и владата им наметнаа на осум француски метрополи полициски час од 21 до 6 часот, кој ќе стапи на сила во сабота и ќе трае „најмалку четири недели“.

Овај полициски час ќе се примени во Париз, во регионот Ил-де-Франс и во осум метрополи: Гренобл, Лил, Лион, Екс-Марсеј, Монпелје, Руан, Сент Етјен и Тулуз или тој се однесува на околу 18 милиони жители. Засега, остатокот од земјата нема да биде опфатен од оваа ноќна забрана за движење, која има за цел да го намали бројот на лица заразени со коронавирус, од ој дневно се проценува дека се заразуваат околу 20.000 лица на само  3.000 и да им олесни на одделенијата за интензивна нега кои во моментов работат со зафатеност од 30% од нивниот капацитет со случаи на Ковид-19.

Полицискиот час е тешка мерка. Особено бидејќи тој ќе трае „најмалку четири недели“ и можеби шест, до почетокот на декември. Здравствената вонредна состојба ќе се реактивира за оваа пригода од сабота, како и постапките што се во сила за време на затворањето: исклучителни овластувања за циркулација за време на полициски час (од професионални причини и во зависност од растојанието) враќање дома, казни од 135 евра изречени на прекршителите (1.500 евра во случај на повторен прекршок) и обемни проверки од полицијата.

Јавните служби и училиштата нема да бидат засегнати. Компаниите, пак, ќе бидат охрабрени – по преговорите со социјалните партнери – да започнат повторно работење од дистанца (од дома) -за да се намали бројот на вработените во канцелариите. За време на „нормалното“ време, посетеноста на баровите или кафе-рестораните, главните жртви на полицискиот час, треба да се намали на помалку од шест лица на трпеза.

Во земја каде 1,4 милиони луѓе се тестираат бесплатно против Ковид-19 секоја недела, Емануел Макрон го определи приоритетот: да спречи забрзување на циркулацијата на Ковид-19 и да не ја зафати целата земја, за разлика од првиот бран главно концентриран во Гранд Ест и Парискиот регион.

-Ние ќе го имаме вирусот до летото 2021 година, на сите научници им е јасно тоа, продолжи претседателот, чие мото сега е „Тест, предупредување, заштита“.

Клучот за ова е масовна дистрибуција на антигени тестови, чии резултати може да се добијат за неколку часа, па дури и само-тестови.

-Ние ќе влеземе во стратегија наменета за драстично намалување на роковите за добивзањ ена резултати, рече Макрон, осврнувајќи се на предолгото време на чекање забележано во прелиминарниот извештај на мисијата за проценка од швајцарскиот професор Дидие Пите. Новата апликација, „Сите против Кови“, ќе биде достапна од 22 октомври, за да го замени неуспехот на сегашната „Стоп Ковид“, со функција за следење во реално време на јавните места.

>
>