Полициски контроли во Струга, еве што открија во угостителските објекти

 Полициски контроли во Струга, еве што открија во угостителските објекти

Вчера на подрачјето на Струга, извршени се контроли на осум угостителски објекти во врска со почитувањето на мерките за справување со коронавирусот.

Притоа, во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растојание помеѓу масите во угостителските објекти и присуство над четири лица на маси. Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21)  А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта како и Т.С.(28) од селото Долно Татеши,  го нарушиле јавниот ред и мир.

Тие се повикани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

>
>