Полициски службеници од Струга пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш

 Полициски службеници од Струга пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш

Полициски службеници од Струга пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш.

-Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

>
>