Полициски службеници од СВР Охрид лишиле две лица од слобода поради превезување на марихуана

Полициски службеници од СВР Охрид лишиле две лица од слобода поради превезување на марихуана

На 07.01.2020 во 02.10 кај депонија „Буково“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода ги лишиле Т.Ј.(43) од Велес и О.М.(22) од Битола поради тоа што во возилото во кое се превезувале и кај нив била пронајдена марихуана.  Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.