Полицискиот час и другите мерки ќе бидат продолжени за уште седум дена

 Полицискиот час и другите мерки ќе бидат продолжени за уште седум дена

Главниот координативен кризен штаб донесе став да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за продолжување на сегашните рестриктивни мерки и за продолжување на полицискиот час. Одлуката ќе ја донесе Владата на утрешната седница.

Комисијата за заразни болести смета дека даваат резултати рестриктивните мерки што се во сила и на Главниот координативен кризен штаб му предложи да донесе одлука за продолжување на мерките. Штабот пред малку го прифати предлогот и донесе одлука да ѝ предложи на Владата мерките да се продолжат за уште седум дена, по што состојбите со епидемијата повторно би биле разгледани.

Полицискиот час во траење од 20 до 5 часот и неработењето на угостителските објекти ќе останат во сила доколку Владата донесе одлука. За потоа се размислува угостителските објекти да можат да примаат гости само на отворен дел.

>
>