Поминаа 11 години од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија

Поминаа 11 години од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија

Режимот изврши 217 напади со хемиско оружје врз цивилите. Околу 6,6 милиони Сиријци мораа да ја напуштат својата земја, а повеќе од 3,5 милиони од овие луѓе се засолнија во Турција

АНКАРА (АА) – Поминаа единаесет години од народната побуна на 15 март 2011 година, кога група ученици од основните училишта во јужниот сириски град Дара напишаа: „Следно, тебе ти е редот докторе“, на ѕидот на нивното школо, мислејќи на претседателот Башар ал Асад, пишува Агенција Анадолија (АА).

Режимот на Асад, кој цивилите што бараа промена на власта преку мирни демонстрации ги прогласи за „терористи“, мобилизираше војници и безбедносни сили за да ги задуши протестите.

Потегот на режимот доведе до мирни јавни демонстрации кои се претворија во граѓанска војна. Вооружените судири започнаа во 2012 година помеѓу силите на режимот на Асад и воените опозициски групи собрани под името Слободна сириска армија.

Со приклучување на Русија во војната во септември 2015 година, текот на граѓанската војна се сврте во корист на режимот, кој ја врати контролата во повеќето делови на земјата преку интензивни напади и блокади.

На 23-24 јануари 2017 година се одржа првиот состанок во Астана по иницијатива на Русија и Турција. Три години подоцна, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, се договорија за прекин на огнот во Идлиб, со Турција и Русија како земји гаранти кои го почитуваат прекинот на огнот за сите воени дејствија.

На 26 мај 2021 година се тврдеше дека режимот на Асад добил 95,1 процент од гласовите на изборите, на кои половина од луѓето не учествувале.

Во февруари, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курејши, водачот на терористичката организација ДЕАШ, беше убиен од американските сили.

Режимот изврши 217 напади со хемиско оружје врз цивилите. Околу 6,6 милиони Сиријци мораа да ја напуштат својата земја, а повеќе од 3,5 милиони од овие луѓе се засолнија во Турција.

Според Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања при Обединетите нации (ОН), 6,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, додека најмалку 14 милиони цивили во Сирија имаат потреба од хуманитарна помош.

Во соопштението на ОН од 24 септември 2021 година се вели дека бројот на потврдени смртни случаи во граѓанската војна во Сирија е околу 350.000, а се проценува дека вистинската бројка е многу повисока.

Режимот на Асад измачуваше до смрт најмалку 14.449 луѓе. Според опозициските извори, силите на режимот сè уште држат притворени 400.000 луѓе.

Од 2016 година Турција реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds