Поминал 500.000 километри на мотор и после 24 години успеал да го пронајде киднапираниот син

 Поминал 500.000 километри на мотор и после 24 години успеал да го пронајде киднапираниот син

Кинезот Гуо Гангтанг повторно се сретна со својот син после 24 години трагање по него. Потрагата завршила после 500.000 поминати километри на мотор.

Синот на Гангтанг бил киднапиран пред 24 години пред семејната куќа во провинцијата Шандонг од страна на две непознати лица.

Киднапирањето на неговиот син послужи како мотив за филм во 2015 година во кој главна улога играл ѕвездата од Хонг Конг, Енди Лау.

Киднапирањата на деца во Кина се голем проблем, односно во една година киднапирани се неколку илјади деца.

Министерството за јавна безбедност соопшти дека полицијата го пронашла детето со помош на ДНК анализа, додека осомничените за киднапирањето биле пронајдени и уапсени.

Жената која била во врска со еден од осомничените, го здогледала момчето како си игра само пред семејната куќа и го однела на автобуска станица. Таму ја чекал тогашниот нејзин партнер.

Синот на Гангтанг бил киднапиран во 1997 година, а тој со својот мотор поминал повеќе од 20 провинции во Кина барајќи го него. Се послужил со плакати со фотографија од неговиот син и ја потрошил цела заштеда која ја имал. Спиел под мостови и просел за пари.


x