Поплавен Сански Мост во БиХ: Излеани две реки, прогласена природна катастрофа

Поплавен Сански Мост во БиХ: Излеани две реки, прогласена природна катастрофа

Во Сански Мост е прогласена елементарна непогода по излевањето на реките Блиха и Здена поради обилните врнежи кои наврнаа во текот на изминатите денови, поплавувајќи бројни населени места како и главната улица – Приједорска, каде водата навлегла во деловните објекти.

Сирените за тревога се огласија во текот на изминатата ноќ откако водостојот на реката Сана достигна критична точка од 347 сантиметри, јавува порталот инмедија.

Мештаните велат дека реакцијата на надлежните е задоцнета и стравуваат дека може да се излее од коритото со оглед на тоа што се уште врне, а хидрометеоролошките служби најавуваат врнежи во наредните денови.

На северот на Босна и Херцеговина денеска се предвидуваат големи количини на врнежи и издадено е портокалово предупредување.

Најтешка е состојбата во градовите Врше, Напреље, Стари Мајдан, Трнова, како и населбите Алагица поле и Здена, каде локалните водотеци ги напуштија коритата и стигнаа до куќи и домаќинства, а некои се поплавени. Во моментов критична е состојбата во строгиот центар на градот, каде Здена на места се излеа од корита, па под вода е и улицата Приједорска. Дополнителен проблем создаваат подземните води.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds