Поплави и свлечишта во Индонезија, загинаа најмалку 70 лица

 Поплави и свлечишта во Индонезија, загинаа најмалку 70 лица

Најмалку 70 лица загинаа во свлечишта и поплави во источна Индонезија, информираа утрово локалните власти.

– Најмалку 42 лица се водат како исчезнати, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за вонредни состојби.

Во Источен Тимор загинале најмалку 16 лица.

Обилните дождови се причина за поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија, каде годишно умираат десетици луѓе од милиони што живеат во планински области или долини на реки.

Во јануари 40 лица загинаа во два одрони во провинцијата Западна Јава.

>
>