Популацијата на Турција надмина 83,6 милиони жители

 Популацијата на Турција надмина 83,6 милиони жители

АНКАРА (АА) – Населението на Турција во 2020 година во споредба со претходната година се зголеми за 459.365 лица и изнесува 83.614.362 жители, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите од Пописот на населението за 2020 година врз основа на адреси.

Според резултатите, населението на земјата, што во 2019 година изнесуваше 83.154.997, се зголеми за 459.365 лица и изнесува 83.614.362 жители.

Процентот на машка популација, според Заводот е 50,1 отсто (41.915.985 лица), додека процентот на женска популација е 49,9 отсто (41.698.377 лица).

Годишната стапка на пораст на населението во 2019 година изнесувала 13,9 проценти на илјада жители, додека оваа бројка во 2020 година се намалила на 5,5 проценти на илјада жители.

Процентот на жители во градовите и градските центри во 2019 година изнесуваше 92,8 проценти, а во 2020 година процентот се зголеми на 93 проценти.

Процентот на луѓе што живеат во селата од 7,2 проценти се намали на 7 проценти.

>
>