Поради магла, видливоста во Струга е намалена до 50 метри

Поради магла, видливоста во Струга е намалена до 50 метри

Поради магла, видливоста во Струга е намалена до 50 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds