Поради наплив на заразени АРМ постави шатори кај болницата во Куманово

 Поради наплив на заразени АРМ постави шатори кај болницата во Куманово

Припадници на армијата поставија шатори во дворот на Клиниката за инфективни болести во Куманово. Во исклучителни услови, кога болничкиот капацитет е полн, во овој град се појави потреба за дополнителен простор за амбулантски услуги за пациенти со Ковид-19. Во моментов, пациенти кои се на домашно лекување доаѓаат за дневна терапија и неопходни прегледи во инфективното одделение, па се создаваат долги редици.

Уште поалармантна е состојбата во Здравствениот дом во Куманово.

„Во последно време знаеме дека позитивни пациенти со Ковид-19 се движат слободно низ градот и секој ден имаме случаи кои доаѓаат во лабораторијата и бараат услуга од нас. Овие пациенти не се виновни што нема други простории, болниците се преполни, а приватните ординации и матичните лекари не ги прифаќаат…“

Дури и Клиниката за неврологија во Куманово, која неодамна беше претворена во Ковид-центар е веќе полна, таму се хоспитализирани над 70 пациенти.