Поранешен италијански фудбалски репрезентативец стана градоначалник на Верона

Поранешен италијански фудбалски репрезентативец стана градоначалник на Верона

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Дамиано Томази (48) е избран за градоначалник на Верона.

Томази, кој има 25 настапи во дресот на Азурите, најголем дел од својата кариера ја мина во Рома, од 1996 до 2006 година, освојувајќи ја и италијанската титула во 2001.

Од 2020 година беше претседател на Здружението на италијански фудбалери (АИЦ).

Верона е град со долга традиција на десноориентирани градоначалници, а Томази во изборната трка влезе како кандидат на левицата и победи пред досегашниот градоначалник од редовите на десницата Федерико Сбоарину. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds