Порие го нокаутираше Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

 Порие го нокаутираше Конор Мекгрегор (ВИДЕО)

Спектакуларниот УФЦ 257 настан заклучен е со изненадувачка победа на Дастин Порие над Конор Мекгрегор во насловната борба на вечерта. Ирецот по една година од последната борба изненадувачки е поразен по враќањето во октогонот, и тоа со прв нокаут во кариерата.

Мекгрегор беше нокаутиран во втората рунда, во сосема две различни рунди. Во првата рунда Конор видно беше подобар од Порие, освојувајќи ја рундата.

Но, Порие во втората рунда изненади со еден десен директ по кој следеа серија удари од кои Мекгрегор не успеа да се врати во борба. Кога се подигна, Мекгрегор спортски се поздрави честитајќи ја победата на Порие.