Пошта ги отвори шалтерите за плаќање на сметки со најниска провизија

 Пошта ги отвори шалтерите за плаќање на сметки со најниска провизија

Стартува плаќање во готово преку шалтерите на Пошта со најниска провизија.

Од денес, 1 Март, започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.

Оваа недела, платниот промет ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,  подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта.

Халкбанк на располагање  да управува ќе има околу 300 шалтери ширум земјава, за вршење на платен промет преку Македонска пошта..

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со најниска провизија.

35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Во минатото, преку платниот промет на Пошта се одвиваше 25% од вкупниот платен промет во државата.

>
>