Потврдени кандидатските листи за градоначалници советници за Струга, и Вевчани

 Потврдени кандидатските листи за градоначалници советници за Струга, и Вевчани

Државната изборна комисија ги потврди кандидатурите за градоначалници и советнички листи.

7 потврдени листи за кандидати за градоначалници во општина Струга и 10 листи за советници. Рамис Мерко од ДУИ, Насто Палиоски од Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО, Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и алтернатива, Димче Шипинкаровски од СДСМ, Абдула Ќазимоски од Движењето Беса, Лубе Петревски од Политичка партија Демократи и Самир Муртезоски од ДПА.

Потврдени се листите за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ носител на листата Ален Деребан, Алијанса за Албанците и Алтернатива носител Нијази Џумкар, ДУИ со носителот на листата Арбереша Влаши, Единствена Македонија носител Захарије Шурдоски, СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со ностел на листата Ирина Јолдеска, Движењето Беса со Фатмир Емуш, Политичка партија Левица со Јована Мојсоска, Движењето Одлучно за промени со Илија Пејоски, Демократска партија на Турците на Македонија со носител Емин Џумкар и Демократска Партија на Абанците-ДПА со носителот на листата Јетмир Мазари.

Во Вевчани потврдени две листи за градоначалници и две листи за советници. Сашо Јанкоски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и Спасе Кочоски од Вмро Дпмне и коалицијата „Обнова за Македонија“. И листите за советници се поднесени од СДСМ и коалицијата чиј носител е Леон Парталоски, додека од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата носител на листата е Леон Даскалоски.

Изборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври. Првиот круг избори ќе се одржи на 17 октомври.

x