Потврдени првите случаи со птичји грип во Албанија

 Потврдени првите случаи со птичји грип во Албанија
Во Албанија потврдени се првите случаи на птичји грип, соопшти министерството за земјоделство и рурален развој.

-По анализата на примероците од сомнителни случаи кај домашни кокошки, во Институтот за безбедност на храна и ветеринарство (ISUV), потврдено е присуство на птичји грип тип H5N8. Болеста е присутна во три жаришта населени места, лоцирани во административните единици Фуш-Круја, Дајт и Бујан, наведува министерството.

Додава дека ветеринарната служба ги уништија погодените и сомнителни птици и оти презема мерки за спречување на понатамошното ширење на болеста.

Веднаш по објавата на Светската организација за присуство на вирусот во некои земји од регионот и пошироко, по наредба на министерката Милва Економи беше изготвен план со заштитни мерки.

Првата мерка беше забрана на влез на живина и месо од неа на територијата на Албанија од земјите каде е потврдено присуството на болеста.

Исто така на национално ниво забранета е продажба на живина на отворен простор и на сточни пазари. Транспорт е дозволен до кланиците, но само со ветеринарно здравствено уверение.

Во рамки на министерството формиран е национален кризен центар за раководење и координација на планот на активности.

x