• 24/09/2020

Поведена постапка за три лица од Струга​ за непочитување на здравствените мерки

 Поведена постапка за три лица од Струга​ за непочитување на здравствените мерки
loading...
Advertisement

Основното јавното обвинителставо од Струга поведе постапка за три лица и побара од Судот да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, со предлог дневните глоби за секој од нив да бидат по 30 евра.

​Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5 и 7 јуни 2020 година, без дозвола, пеш се движеле низ околината на градот.

Еден од обвинетите не постапил согласно донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена задолжителна самоизолација. При проверка од надлежни лица, на 4 јуни 2020 година тој не бил затекнат во својот дом.

Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив на по 30 евра во денарска противвредност.