
Повреден пешак во центарот на Охрид
Вчера во 13.10 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, патничко возило „опел вектра”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н.(57) од Охрид удрило во пешак И.К.(37), од охридското село Куратица.
Во незгодата И.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.