Повторно пукање во Сиетл – една жена е убиена, напаѓачот е во бегство

Една жена е убиена, а седум лица се тешко повредени во вооружениот напад што се случи во прометен дел на американскиот град Сиетл.

Меѓу повредените има и едно деветгодишно дете кое се бори за живот во Медицинскиот центар Harborview, каде се пренесени и останатите повредени.

Полицијата е во потрага по напаѓачот кој е во бегство. Мотивот за нападот уште не е познат. Напаѓачот почнал да пука околу 17 часот по локално време.

Ова е трет вооружен напад во Сиетл за два дена.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds