
Повторно судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, загинале тројца војници
Лидерот на непризнаената република Нагорно-Карабах, Араик Арутјунјан објавил делумна мобилизација поради наглото заострување на ситуацијата во регионот.
Лидерот на непризнаената република Нагорно-Карабах, Араик Арутјунјан објавил делумна мобилизација поради наглото заострување на ситуацијата во регионот, соопштила неговата прес-служба. Наведува дека Азербејџан го прекршил договорот потпишан минатата година.
„Арутјунјан потпиша указ, со кој на 3-ти август 2022-ра година во републиката е објавена делумна воена мобилизација“, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана на Нагорно-Карабах соопштило порано дека во напад на азербејџанската војска загинале двајца војници на Карабах, додека 14 биле повредни.
„На 3-ти август во 9 часот, единиците на Вооружените сили на Азербејџан, грубо кршејќи го режимот на прекин на огнот, со минофрлачи и беспилотни летала нападнаа борбени положби на Војската на Карабах и базата на една од воените единици“, објавила прес-службата на Министерството за одбрана на непризнаената република.
Од друга страна, официјален Баку го обвинил воено-политичкото раководство на Ерменија за убиството на азербејџански војник во Карабах.