Повторно земјотрес во Грција – се почувствувал и во Струга

 Повторно земјотрес во Грција – се почувствувал и во Струга

Земјотрес со магнитуда од 5,5 според Рихтер повторно ја потресе Грција.

Земјотресот е со епицентар 26 км северо-западно од Лариса, на длабочина од 10 километри.

Истиот се почувствувал и на територија на Македонија и во Струга.

Серија земјотреси беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден на територија на соседна Грција, а со помал интензитет беа почувствувани и во Македонија.

>
>