Пожар во филијалата на Стопанска банка Струга
Денеска во 12:13 часот во ТППЕ Струга е пријавен пожар во филијалата на Стопанска банка Струга . Веднаш, упатено е едно противпожарно возило и тројца пожарникари . Опожарена е спратна табла , а со брзата интервенција на ТППЕ Струга спречено е проширувањето на пожарот .