
Пожар во лимена гаража на улица „Туристичка“ во Охрид
На 15.02.2020 година околу 03 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во лимена гаража лоцирана на булеварот „Туристичка“, сопственост на Л.Ј.(59) од Охрид, кој набрзо се проширил и на соседните гаражи. Притоа, изгорела оставена покуќнина и други предмети. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Охрид.
Извор: СВР Охрид