• 24/09/2020

Позитивни тестовите од Ковид-19 кај Паоло Малдини и син му Даниел Малдини кој игра во Милан

 Позитивни тестовите од Ковид-19 кај Паоло Малдини и син му Даниел Малдини кој игра во Милан
loading...
Advertisement

Согласно медицинските протоколи на здравствените власти, двајцата спортисти ќе бидат во карантин се додека не им се подобри здравствената состојба

Раководството на италијанскиот фудбалски прволигаш (А серија) Милан соопшти дека тестовите од Ковид-19 кај Паоло Малдини, кој се наоѓа во техничката делегација и син му Даниел Малдини кој игра во Милан се позитивни.

Во оопштението кое беше објавено од страна на црвено-црната екипа беше истакнато дека здравствената состојба на таткото и синот Малдини е добра, дека две недели се изолирани од надворешниот свет и немаат контат со никого.

Согласно медицинските протоколи на здравствените власти, двајцата спортисти ќе бидат во карантин се додека не им се подобри здравствената состојба, соопшти управата на клубот Милан.