ПОЗНАТИОТ ХРВАТСКИ ИМУНОЛОГ ТРОБОЊАЧА: Вакцината е клучна сега, со тек на времето Ковид ќе се претвори во некаква форма на настинка

 ПОЗНАТИОТ ХРВАТСКИ ИМУНОЛОГ ТРОБОЊАЧА: Вакцината е клучна сега, со тек на времето Ковид ќе се претвори во некаква форма на настинка

Познатиот хрватски имунолот и редовен професор на медицинскиот факултет во Риека, д-р Златко Тробоњача очекува есенскиот бран ќе биде многу пократок од претходните, но далеку поинтензивен. Според него најтешко ќе биде во октомври. Како што наведува хрватски Индекс нагласува и дека со текот на времето луѓето ќе стекнат имунитет и дека ќе нема потреба од вакцинација секоја година, но засега апелира дека единствено вакцината е таа која штити од тешка форма на болеста и од смрт.

-За некои недели ќе биде многу интензивно, за жал, делта-сојот може да носи голем број тешки случаи и поголема смртност. Според новите податоци, делтата е повирулентна од британскиот сој. Во просек, предизвикува двојно повеќе хоспитализации кај невакцинираните. Очекувам бранот најмногу ќе се засили негде на почетокот или средината на октомври. Како што се очекуваше, дојдовме до високо заразниот делта-сој. Заразува голем број луѓе, помеѓу пет и десет исто како сипаниците. Но, трета доза на вакцината успешно штити. Израел започна со третата доза кон средината на јули, ги вклучи сите над 50-годишна возраст. Податоците што пристигнаа покажуваат дека нѐ штити од инфекција 11 пати, а до 15 пати од тешки форми на болеста во споредба со втората доза. Секако дека третата доза е добра за заштита, мислам дека сите ранливи граѓани треба да се вакцинираат со третата доза, посочува професорот Тробоњача.

Посебно нагласи дека со тек на време, луѓето нема да мораат да се вакцинираат секоја година.

-Не верувам дека постојано ќе се вакцинираме против коронавирус, мислам дека порано или подоцна ќе дојдеме во контакт и ќе создадеме соодветен имунитет, а Ковид-19 ќе стане како настинка. Во секој случај, нè очекува бурна есен, но не верувам дека овој бран ќе трае долго. Ќе биде кратко, но интензивно. Можеби една или две недели и тоа е тоа, па ќе почне да опаѓа. Ако се остане на делта сојот, до Нова година сè ќе заврши“, смета хрватскиот имунолог. ФОТО: Printscreen YouTube

x